Нова санација на шахта во близина на „Гумење“ со што се спречи истекување во двор на приватна куќа. Со ова, „Комуна“ го комплетира процесот на санација на шахти и надминување на проблеми како што е поплавувањето.
„Изминатите денови и недели се фокусиравме да ги надминеме овие проблем. Саниравме потпорни ѕидови, потоа канали и неколку шахти кои предизвикуваа сериозно проблеми. Се грижиме градот да е поуреден и побезбеден, а истовремено да се обезбеди заштита на приватниот имот“, изјавуваат од ЈП „Комуна“ Крушево.