„Комуна“ денес е на терен во с. Јакреново каде што се работи на отстранување на проблем на водоводната мрежа. Отстранувањето ќе значи подобро водоснабдување на ова населено место.
Општина Крушево во Јакреново веќе работи на проект кој во две фази треба еднаш засекогаш да го реши проблемот со недостатоци на вода.