Одржување на јавна чистота
„Комуна“ продолжува со одржување на јавните површини. Во текот на минатата недела се работеше на отстранување на гранки на неколку локации во градот, со цел почиста животна средина и прегледност на сообраќајниците и улиците.
Изминатите неколку седмици комуналното претпријатие сериозно работи на јавната чистота, во период по зимата. Вакви активности ќе продолжат во пролетниот дел од годината, со посебен фокус на најпрометните улици и места во Крушево.