Од денес се започнува со косење во централното градско подрачје. Оваа активност е продолжение на уредувањето на јавните површини кое започна изминатиот месец.
„Работиме тековно на неколку страни покрај косењето и уредувањето на јавни површини. Сакам да ги известам граѓаните дека продолжуваме со извршување на сите наши надлежности и ќе ги завршуваме сите наши обврски според можностите и потребите.“, рече ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.