Република Северна Македонија ЈП „Комуна“ Крушево
Врз основа на член 20-г став 1 од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.Весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018, 198/2018 и „Сл.Весник на РСМ“ бр. 143/19 и 14/20) и основа на член 37-и од Законот за јавните претпријатија („Сл.Весник на РМ“ бр. 38/1996, 9/1997, 6/2002, 19/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/2010, 6/2012, 119/2013, 41/2014, 138/2014, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018, 35/2019 и „Сл.Весник на РСМ“ бр. 275/19), ЈП „Комуна“ Крушево го објавува следниот:
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2021
Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуна“ Крушево, има потреба од:
- 13 КДР 03 05 Б04 Ракувач со пумпна станица, Оддел за водовод и канализација, Одделение за стручни и опертивно технички работи, Сектор за административно – стручни работи
1 (еден) извршител на неопределено време Македонец
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
Потребни услови:
- најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четири годишно средно образование – електро/машинско;
- Со работно или без работно искуство;
Распоред на работно време:
- понеделник до петок и две саботи во месецот
- 40 работни саати неделно
- Работно време од 07:00 до 14:30 часот (понеделник-петок) и 07:00-12:00 часот (сабота)
Паричен износ на нето плата:
- 16.345,00
- 25 КДР 03 05 В02 Оперативен (општ) работник, Оддел за оперативно – технички работи, Одделение за стручни и опертивно технички работи, Сектор за административно – стручни работи
3 (три) извршители на неопределено време 1 Македонец и 2 Албанци
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
Потребни услови:
- основно образование;
- Со работно или без работно искуство;
Распоред на работно време:
- понеделник до петок и две саботи во месецот
- 40 работни саати неделно
- Работно време од 07:00 до 14:30 часот (понеделник-петок) и 07:00-12:00 часот (сабота)
Паричен износ на нето плата:
- 15.225,00
Пријавата за вработување заедно со потребните документи да се доставуват на следнава адреса:
ЈП „Комуна“ Крушево, ул.„Илинденска“ бб. Крушево лице за контакт: Љубица Степаноска
Постапката за селекција за вработување се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, проверка на приложените докази и интервју.
Огласот трае 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во три дневни весници од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот.
Ненавремените пријави нема да се разгледуваат.
Пријавата за вработување се подигнува од дирекцијата на ЈП „Комуна“ Крушево.
ЈП „Комуна“ Крушево
ВД Директор Станка Ефремова Трајкоска