С. Норово
Нарушување на опрема за водоснабдување
Во с. Норово пробиена е заштитата до водоводните вентили и направено е неовластено манипулирање со водоснабдувањето.
Овој неовластен и насилен пристап ќе биде пријавен во полиција, а за секој нареден обид ќе биде поднесена кривична пријава за сторителот. Политиката на „Комуна“ е на мирен начин и со апели да ги реши овие нарушувања на опремата, но доколку не се наиде на разбирање тогаш ќе се искористат сите расположливи механизми во интерес на општото добро и граѓаните.
Почитувани сограѓани,
Апелираме заеднички да придонесуваме за заштита на опремата на ЈП „Комуна“ која живот значи со оглед на тоа дека се работи за водоснабдување. Во период кога издашноста на вода е намалена заради временските услови важно е сите како граѓани да бидеме одговорни и свесни за разумното користење на вода за пиење.