Пат кон Слива
Вчера и денес се работи на тековно одржување на улиците и патиштата со косење. Механизацијата која „Комуна“ ја поседува овозможува брзо и ефикасно отстранување на израсната трева покрај патиштата.
Оваа активност е дел од тековните обврски на претпријатието, но активностите се интензивираат во очи на големиот празник Илинден. Вчера и денес се работи на патот кој води до споменикот Слива.