Уредување околу Езеро со поддршка на НЛБ банка

Патеки

Локација: Крушевско Езеро

Со финансиска поддршка на НЛБ банка се уредува просторот до браната, односно патеките кои водат до земјоделски поседи, самите патеки за пешачење и коњичкиот клуб.

„Со активностите кои ги имплементираме во соработка со НЛБ банка се овозможува подобар пристап, отстранување на проблемот со насипи од земја и вода и се создава еден поубав простор на ова место кое е исклучително популарно. Навистина ми е драго и се заблагодарувам за поддршката од страна на банката. Се надевам во иднина да реализираме уште многу активности и проекти.“; изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево