Јакреново
Пристапен пат
„Комуна“ е на терен во с. Јакреново каде работи на тампонирање на пристапни патеки. Со оваа активност се овозможува полесен, поефикасен пристап и движење на граѓаните.
„Ова е една од тековните активности кои ги практикуваме и во градот и во населените места. Оспособувањето на нови пристапни патеки и санацијата на постоечките е со цел да обезбедиме полесно движење и секако поубав изглед на овие делови од општината. Покрај редовните активности и во наредниот период ќе продолжиме со спроведување на овие работи.“, изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Томе Христоски.