Реконструкција на водоводна линија и поставување одводни цевки во с. Борино

Борино

Во с. Борино ЈП „Комуна“ работи на реконструкција на водоводна линија во должина од околу 100 метри и се поставуваат одводни цевки. Иако, оваа активност ја спроведува претпријатието цевките се обезбедени преку донација.

„Сакам да се заблагодарам на сограѓаните од Борино кои ја обезбедија донацијата од цевки. Благодарение на тоа денес сме на терен и работиме на реконструкција на водоводната мрежа и поставување на одводни цевки. Со оваа активност решаваме проблеми и придонесуваме за граѓаните од ова населено место“, изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево