Почитувани граѓани,
Изминатите денови се забележува намален притисок на вода и повремени недостатоци во домаќинства од делови од улиците Нико Доага и Ќиро Фетак. Изворот на овој проблем за ЈП „Комуна“ Крушево е тешко да се детектира, но активно работиме на разрешување на проблемот.
Имено, стапивме во контакт со наши партнери и претпријатија од идентична област за асистенција во детектирање на проблемот и точна локација за дефект кој сметаме дека постои и го предизвикува овој проблем. Субјектите со кои комуницираме се поопремени од нашето претпријатие и можат да помогнат во изнаоѓањето на изворот на проблемот.
Очекуваме и најавена е поддршка од страна на именуваните субјекти за брзо разрешување.
Додека активно работиме на овој проблем апелираме на разбирање и бараме од граѓаните да бидат трпеливи, иако сите сме свесни дека еден ваков проблем навистина е голем за секојдневното функционирање на граѓаните.
Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево