ВД директорката Станка Ефремова Трајкоска учествува во денешната работа на советот на општина Крушево на која 4 точки се однесуваат на делокругот на работа на ЈП „Комуна“ Крушево:
- Предлог-решение за разрешување и именување на членови на управниот одобор на ЈП „Комуна“ Крушево
- Предлог – заклучок за давање согласност на одлуката за утврување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Комуна“ Крушево за регулиран период од 2022 до 2024
- Предлог – заклучок за давање согласност на одлуката за утврување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП „Комуна“ Крушево за регулиран период од 2022 до 2024
- Предлог – заклучок за усвојување на извештајот за финансиско работење на ЈП „Комуна“ Крушево за периодот од 01.01.2021 до 30.09.2021
Одлуките по овие прашања ќе бидат објавени во Службениот гласник на општина Крушево.