Почитувани,
8-ми март ја симболизира заложбата за еднаквост меѓу мажите и жените сите 365 дена од годината. Овој празник е празник на борбата, успехот и напредокот на жените.
До наредниот 8-ми март ЈП „Комуна“ Крушево посакува да бидете уште поуспешни, а пред се здрави. Развојот на професионален план да биде уште поинтензивен и да владее среќа, задоволство и мир во приватниот живот.
Драги сограѓанки,
Сакаме да видиме повеќе жени – лидери, повеќе жени на раководни и одлучувачки позиции како што тоа е во нашето претпријатие.
Чести 8-ми март.
Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево