Петок е резервиран за оспособување на паркинг простор и пристапите до ски терените во Крушево. Исто така, денес „Комуна“ работи и на пределот од „Гумење“ преку т.н. Корзо се до Крушевско Езеро кое е место за прошетка и особено популарно за викендите.
„По вчерашната работа на дел од улиците каде што имаше тежок пристап денес се осврнуваме кон работа на паркинзите. Затоа во текот на вчерашниот ден апелиравме граѓаните на кратко да ги отстранат своите автомобили од местото „Гумење“ за да може да се обезбеди поголем паркинг“, велат од претпријатието.