ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска зеде активно учество во „онлајн“ состанок со Министерството за животна средина и просторно планирање и АДКОМ во рамки на проектот „Понатамошна поддршка во спроведувањето на реформите во секторот води“.
На состанокот директорката истакна дека ЈП „Комуна“ Крушево соработува со комунални претпријатија од регионот, а како што предвидува проектот таа соработка ќе се продлабочи.
„Имаме прашања по однос на идните активности, но „Комуна“ е отворена за имплементација на проектот за да се подобри управувањето со секторот води преку соработка и помош од поголемите комунални претпријатија. Исто така, нашата соработка со АДКОМ е традиционална, така што продолжуваме заедно да работиме.“, порача Ефремова Трајкоска на состанокот.
Состанокот и целиот проект кој ќе се имплементира е дел од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ во рамките на Секторската оперативна програма за животна средина и климатски акции 2014-2020 (ИПА 2).