ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска зеде активно учество во работилница дел од проектот „Јакнење на соработката меѓу туристичкиот сектор и локалните јавни претпријатија“.
На настанот ВД директорката истакна дека за почист град и поефикасно менаџирање со отпадот потребна е соработка и подеднакво одговорни се и претпријатието и граѓаните.
„Не е проблем во големите количини отпад, туку во неправилното складирање на отпадот. Имлементираме различни активности за да го подобриме фрлањето на отпад од страна на граѓаните, а за други видови на отпад, како гранки, мебел и сл., повторно потенцираме дека стоиме на располагање и граѓаните да не’ контактираат кога ќе имаат ваков тип на отпад.“, порача Станка Ефремова Трајкоска.
Проектот е финансиран во рамки на Цивика Мобилитас и имплементиран од Здружение за туризам и угостителство Крушево.