ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска присуствуваше на настанот „Буџет по мерка“ кој се однесува на вклучување на граѓаните во креирање на буџетот на општина Крушево.
На средбата се обрати градоначалникот на општина Крушево и претставниците на проектот на Фајненс тинк (Finance Think), а ЈП „Комуна“ игра важна улога затоа што најголемиот дел од барањата на граѓаните, според анализата во рамки на проектот, се однесуваат на комуналните дејности.