Во с. Алданци оштетен е вентил на водоводната мрежа со што се доведува во прашање водоснабдувањето на целото населено место. ЈП „Комуна“ Крушево заедно со соодветните служби презема мерки за наоѓање на виновникот за направената штета.
Ова свесно наштетување е на штета на граѓаните од Алданци, а претпријатието работи за брзо да се надмине проблемот и да се спречи прекин на водоснабдувањето.