ЈП „Комуна“ денес работеше на косење на полетувалиштето за параглајдинг во пресрет на неколку меѓународни натпревари кои треба да се одржат ова лето.
„Комуна придонесува и во развој на туризмот. Денешната наша активност ќе го направи полетувањето на натпреварувачите безбедно, особено за заштита на падобраните. Продолжуваме да работиме на косење во градот и на локации каде ќе се одржуваат настаните дел од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ во пресрет на празникот Илинден.“, изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.
Покрај косење на трева на јавни површини „Комуна“ работи на хортикултурно уредување на градскиот парк и плоштадот, санираше улица во центарот на Крушево и чистење на спортскиот центар „Езеро“.