Вчера и денес (23.08, 24.08.2022г.) ЈП „Комуна“ Крушево работи на расчистување на улици и канали и асистира во тампонирање на банкини по големото невреме кое најмногу ги погоди населените места Саждево и Борино.
Во Саждево и Борино невремето ги поплави улиците и „Комуна“ излезе на терен на расчистување на каналите и улиците од надојдени наноси на земја и вода.
Општина Крушево и ЈП „Комуна“ ги чистат каналите редовно, но невремето беше од несекојдневни размери и како последица беше нанесена штета.