ЈП „Комуна“ Крушево интервенираше во водоводната мрежа во с. Борино која беше оштетена по силното невреме пред неколку дена. Штетата создаде прекин на вода, но по брзата интервенција на претпријатието граѓаните добија повторно чиста вода за пиење.
„Дефектот се случи на дел од водоводната мрежа во близина на подрачното училиште „Никола Карев“ во Борино после невремето кое најмногу ги погоди населените места Саждево и Борино. Проблемот е навремено саниран и жителите на населеното место добија редовно водоснабдување.“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.
Претпријатието ги известува граѓаните дека во завршна фаза е санирање на поголем дефект на улица Томе Никле. На деловите каде што има прекин на вода за многу брзо ќе се рестартира водоснабдувањето.