Денес „Комуна“ работи на санација на потпорен ѕид на локација во близина на каналот на кој се работеше во текот на вчерашниот ден.
Овој ѕид претставуваше опасност за едно домаќинство, а процесот на санација не е лесен заради локацијата која формира тесен простор и со тоа се отежнува работата на службите на терен.
Вчера „Комуна“ ја заврши санацијата на канал, а претходно се комплетираше санација на потпорен ѕид на влезот на градот.