Угостителите од центарот на градот да ги користат контејнерите кај градскиот пазар, додека мрежестиот контејнер кај Стопанска банка се отстранува.
„Комуна“апелира до сите сопственици на бизниси во центарот да не ги користат корпите во градскиот парк за фрлање на отпадот кој го создаваат. Истовремено, капацитетот за отпад кај пазарот е зголемен.
„Ве известуваме и замолуваме отпадот да го одлагате во контејнерите поставени наспроти градскиот пазар, каде што се поставени 3 контејнери, а корпите за отпад поставени во градскиот парк да не се користат за отпадот кој се создава со вашата работа“, стои во известувањето на на ЈП „Комуна“ Крушево до бизнис секторот лоциран во центарот на Крушево.