Се санира потпорен ѕид на пат кој води до Музејот на Илинденско востание. По оштетување на потпорниот ѕид „Комуна“ презема мерки за санација за целосна функционалност на патот и пристапот до музејот.
„Работиме на уредување на градот и подобрување на состојбата на улиците во целиот град. Денес работиме на оштетен потпорен ѕид во близина на музејот на Илинденско востание со цел да ја запазиме безбедноста и секако подобрување на пристапните патеки во пресрет на на туристичката сезона“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.