Од денес во функција е електронско плаќање на сметките во ЈП „Комуна“ Крушево“ преку интернет страницата komunakrusevo.mk.
Оваа опција важи за физички и правни лица, а единствено што треба да направи корисникот е да го внесе бројот на фактура и износот што се плаќа.
Најпрво пристапувате преку делот „плати сметка“ на почетната страна во менито во горниот дел од интернет страницата. Со „кликнувањето“ страницата ве пренасочува во дел каде теба да се внесат погоре наведените податоци.
По внесувањето на податоците повторно корисникот се пренасочува да внесе податоци како име и презиме и податоци за сметката од која се врши плаќањето.
По внесувањето и потврдата добивате повратна информација дали плаќањето е успешно или не е успешно.
„На овој процес работевме долго време и успеавме да го овозможиме системот за побрзо, полесно и поефикасно плаќање на сметките. Покрај електронскиот начин, останува и можноста за плаќање на сметките во просториите на „Комуна“. Имајќи ги овие аспекти во предвид очекуваме зголемена наплата и олеснет начин за граѓаните и фирмите во подмирувањето на обврските кон комуналното претпријатие.“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.