Јп „Комуна“ денес продолжува со активностите за расчистување на мини диви депонии и уредување на јавни површини.
„Комуна“ работи на делот околу жичарницата каде што се расчистуваат гранките кои ја попречуваат видливоста на патот, а се работи и на делот кон хотел Монтана Палас. Утре „Комуна“ ќе го расчистува местото викано „кај клупата“ и на неколку локации ќе се поставуваат корпи за отпад.
„Продолжуваме со активностите за подобрување на јавната хигиена и изгледот на градот. Се уредуваат јавни површини, се собира отпадот и се средуваат сите делови од градот каде што има потреба за расчистување и слични активности. Наша цел е да имаме почист град и драго ми е што и граѓаните волонтерски се вклучуваат и асистираат на работата на „Комуна“.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.