Г. Дивјаци
Расчистување на патот до ова населено место
Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуна“ Крушево денес е на терен на неколку локации и работи на водоснабдување, јавна чистота и одржување на јавни површини.
Во тек е расчистување на патот кој води до с. Горно Дивјаци. Се работи на расчистување на гранки кои го попречуваат нормалното движење по овој пат. Со ова, патот ќе биде проширен и побезбеден за тамошните жители.
„Комуна“ денес е на терен и во с. Јакреново каде што се работи на отстранување на проблем на водоводната мрежа. Отстранувањето ќе значи подобро водоснабдување на ова населено место.
Општина Крушево во Јакреново веќе работи на проект кој во две фази треба еднаш засекогаш да го реши проблемот со недостатоци на вода.