Денес службите на „Комуна“ работат на чистење канали на пределот од с. Алданци кон с. Норово.
Овие активности се превенција од поплавување при евентуални дождови или големи наноси на снег и нивно топење.
„Работиме на пределот од Алданци кон Норово и тоа е дел од редовното чистење на канали. Во комуникација со локалната самоуправа и граѓаните од населените места ќе продолжиме по другите населени места и секаде каде што има потреба.“, изјави директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.