ЈП „Комуна“ апелира граѓаните да ја користат апликацијата „пријави ѓубре“ за да пријавуваат различни видови на отпад како стар мебел, гранки од дворови и слично. Ова се спроведува со цел да се избегне собирање на отпад околу контејнерите и, истовремено, да се овозможи граѓаните брзо и едноставно да можат да пријават.
Апликацијата „Пријави ѓубре“ се наоѓа во десниот дел од почетната страница на „Комуна“ -komunakrusevo.mk. Со покажување на курсорот се појавува опција насловена како „Пријави“. Кликањето ќе ве однесе на формата за пријавување на отпад.
Во таа форма следниве податоци треба да се внесат:
- Име и презиме
- Електронска пошта
- Избор на опцијата „депонија“ како тип на барање/пријава
- Прикачување на фотографија од отпадот (големина до 2 МБ)
- И неколку зборови во однос на пријавата
Напоменуваме дека сите овие полиња се задолжителни за пополнување.
Како последен чекор се кликнува „испрати“ и со тоа за неколку моменти пријавата стигнува на електронската пошта на „Комуна“.
Оваа апликација може да се користи и за пријавување на диви депонии кои претпријатието треба да ги исчисти.