Апликацијата „Пријави дефект“ се наоѓа во десниот дел од почетната страница на „Комуна“ -komunakrusevo.mk, веднаш под „Пријави ѓубре“ и „Испрати состојба на водомер“.
Со покажување на курсорот се појавува опција насловена како „Пријави“. Кликањето ќе ве однесе на формата за пријавување на дефект.
Во таа форма следниве податоци треба да се внесат:
- Име и презиме
- Електронска пошта
- Избор на опцијата „пријава за дефект“ како тип на барање/пријава
- Прикачување на фотографија од дефектот (големина до 2 МБ)
- И неколку зборови во однос на пријавата
Напоменуваме дека сите овие полиња се задолжителни за пополнување.
Како последен чекор се кликнува „испрати“ и со тоа за неколку моменти пријавата стигнува на електронската пошта на „Комуна“.
Користењето на апликацијата ќе придонесе за подобра комуникација меѓу граѓаните и „Комуна“ и побрзо решавање на проблемите.