„Комуна“ е поопремена и поефикасна, неразумни трошоци нема

Почитувани,

По објавата на советникот Александар Стојчески за, како што вели тој, историски долг на ЈП „Комуна“ за 2020-та година сметаме дека е рано да брзаме со такви податоци затоа што завршната сметка за 2020 година се уште не е финализирана.

Исто така, финансиски план за 2021 година всушност значи проценка и планирање на трошоците кои секогаш се поставуваат на повисоко ниво од тоа што фактички се троши во текот на годината. Она што „Комуна“ го порачува е да почекаме што ќе каже завршната сметка и да ги имаме точните податоци со кои граѓаните ќе бидат точно известени за финансиската состојбата на претпријатието.

Најголемите трошоци на „Комуна“ кои доведуваат до тоа претпријатието да е во загуба се трошоците за електрична енергија, најголем дел за пумпата во с. Норово од каде се пумпа вода, и за набавка на вода од регионалниот водоснабдителен систем Студенчица. Овој проблем се провлекува со години и се надеваме дека оваа година ќе се реши со што овие загуби би се намалиле за цели 90 проценти.

Владата оддели 9 милиони денари средства за конечно решавање на проблемот со водоснабдување. Тоа значи дека по имплементација на проектот нема да има потреба да се набавува вода и да се троши струја за снабдување со вода на градот и неколку населени места.

Исто така, потенцираме дека ЈП „Комуна“ во изминатите неколку години целосно се опреми. Денес претпријатието е опремено со нов камион за отпад, ровокопач, 3 патнички возила, трактор со приклучна механизација, метларка, контејнери и др.

„Комуна“ во изминатите неколку години се опреми, поефикасно ги менаџираше трошоците и обезбедува подобри услуги за граѓаните. Во текот на оваа и наредната година трошоците дополнително ќе се намалуваат, а долгот на „Комуна“ ќе биде сведен на минимум.

Со почит,
ЈП „Комуна“ Крушево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево